Бебе родено со кожа како на петгодишно дете, Акушерките и родителите се шокирале: Го проучувале како мистерија, вака изгледа денес! (ВИДЕО)
Кога во 1993 година во Австралија се роди Том Тенант, никој не знаеше колку посебно бебе ќе биде.
Всушност, тој е медицинска мистерија. Тој дојде на светот со доволно кожа за да го покрие телото на петгодишно дете, а лекарите никогаш не виделе нешто слично. А особено биле шокирани родителите.
– ,,Бев шокиран кога го видов. Не знаев дека бебето може да изгледа така“, изјави таткото на Том, Џеф, во интервју за емисијата ,,60 минути”.
Потоа започна предизвикувачко патување за неговото семејство. Неговите родители за медиумите откриле дека по ултразвукот им било кажано дека Том нема да биде обично бебе.
– Кога го слушнавме тоа, помисливме и решивме да оставиме да биде така како што е предвидено и дека ќе се справиме со тоа – велат тие.
Тестовите и прегледите не помогнаа да се утврди сериозноста на состојбата на Том. И мајката Деби била шокирана кога новороденчето и’ го ставиле на градите, но вели дека сепак било прекрасно чувството да може да го земе во раце и да го гали.
Лекарите немале објаснување зошто бебето се родило со толку вишок кожа, па затоа немале ниту лек ниту решение. Прво чекаа да порасне и кожата да му биде „точна“. Барем таков беше планот.
Но, неговата состојба била толку посебна што истражувачите решиле да му посветат време и да се обидат да ја откријат оваа мистерија, па тој поминал два и пол месеци во медицинскиот центар, на преглед. Тој беше првото дете со овој проблем, а научниците мораа да почнат од нула.
Објаснувањето дојде неочекувано. Им помогна една карактеристика на расата на кучиња, шар-пеј, да ги доведе до заклучок дека збрчканата кожа на Том е од истата причина. Имено, нивото на хијалуронска киселина во кожата на момчето е 100 пати повисоко од нормалното.
Лекарите се надевале дека, како и кај овој тип на куче, со текот на времето ова ниво на киселина ќе се намали и ќе му даде понормален изглед, а тоа се случило додека Том растел. Том сè уште има вишок кожа, но не ни приближно колку кога беше помал. Тој вели дека има пријатели кои го гледаат како еден од нив, а кога ќе се погледне во огледало вели дека гледа само нежна и добра личност.
– Некои дури ми велат дека изгледам кул, некои не ми кажуваат ништо – зборуваше Том како момче.
28 години подоцна, австралиските медиуми се обидоа да дојдат до Том и да видат како живее денес „момчето – чудо“.
Но, немаше многу индиции за Том. Сепак, неговиот Фејсбук профил сугерира дека живее исполнет живот и дека е оженет.