Во Кина се роди бебе со опашка долга 10 сантиметри.
Педијатарот д-р Ли објави видео од опашката на интернет по раѓањето на детето во детската болница во Хангжу.
Според д-р Ли, необичниот израсток веројатно бил резултат на нецелосна дегенерација и тој се посомневал дека детето има врзан ‘рбетен мозок.
Магнетната резонанца (МРИ) на ‘рбетниот мозок подоцна ги потврди сомнежите.
Со оваа дијагноза, движењето е ограничено, што може да доведе до различни невролошки проблеми.
Погледнете како изгледа на овој линк.
Ова не е прв пат во Кина да се роди бебе со опашка.
Петмесечниот Нуо Нуо е роден во 2014 година со спина бифида, развојно вродено нарушување. Неколку дена по неговото раѓање, неговата очајна мајка забележала дека неговата опашка почнува да расте.
Плашејќи се за иднината на нејзиниот син, мајката на Нуо Ну ги повика хирурзите во Чангша, Кина да најдат начин да го отстранат.
Меѓутоа, тие одбиле да ја извршат операцијата и рекле дека не можат ништо да направат за детето бидејќи опашката е поврзана со неговиот нервен систем и со нејзино отстранување би оставиле трајни оштетувања, пишува Metro.co.uk