Во Индија се роди бебе со вкупно 26 прсти на рацете и нозете.
Родителите на бебето биле воодушевени и ја нарекле реинкарнација на хинду божица.
Девојче родено во болница во Баратпур, во северната индиска држава Раџастан, има седум прсти на рацете и шест прсти на секоја нога.
Лекарите нејзината состојба ја опишале како генетска аномалија, но семејството на девојчето е воодушевено.
Се верува дека таа е реинкарнираната верзија на Долагар Деви, позната локална божица чиј храм се наоѓа во близина на местото каде што е родена. Според статуите на божеството, Долагарх Деви имал неколку раце.
Мајката на бебето, Сарја Деви (25), како и таткото на бебето, Гопал Бхатачарја се многу среќни.
“Сестра ми роди бебе кое има 26 прсти и веруваме дека тоа е инкарнација на Долагар Деви. Пресреќни сме”, рекол вујкото на бебето.
Лекарот од болницата каде што е родено бебето потврдил дека бебето е здраво.
„Нема штета да имаш 26 прсти, но тоа е генетска аномалија. Девојчето инаку е апсолутно здраво“, вели докторот.
Засега не е познато дали семејството планира нивното неродено девојче да биде подложено на операција за намалување на бројот на прстите на секој екстремитет.