Пејачката Бејби Дол долго време се нема појавено во јавноста, а како што неодамна се прошири веста дека е видена во народна кујна, почнаа разни шпекулации.
Јавноста беше загрижена за пејачката, а многумина се прашуваат дали ја чека банкрот со оглед на тоа што се појави на неочекувано место – народна кујна, а долги години ја запоставуваше својата кариера, што донекаде ги оправдува овие сомнежи.
Бејби Дол сега за првпат се појави пред камерите по шпекулациите, а потценување е да се каже дека нејзиното издание изненади многумина.
Заштитен знак на пејачката отсекогаш била русата долга коса, но овојпат таа се појавила со перика, очила и црна капа, а на себе немала шминка.
Секако, лесно можеше да се види дека пејачката ослабела и сега изгледа сосема поинаку.