„Бев подготвен да умрам за него, тој застана зад неговите ставови“: Иванишевиќ емотивен за соработката со Новак
Новак Ѓоковиќ и неговиот тренер Горан Иванишевиќ пред неколку дена раскинаа по долгогодишна соработка, што го изненади тенискиот свет.
Иванишевиќ во меѓувреме ги откри и причините за разделбата а во продолжението на интервјуто со Саша Озма од Спорт Клуб ги истакна и оние емотивни моменти на соработка кога, како што рече, бил подготвен да умре за Новак.
– Новак е добар човек, има големо срце, сака сè да прифати. Тоа беше најважното нешто. Бев подготвен да умрам за него. Се бори со целиот свет, не е лесно да се биде негов тренер. Насекаде нè гледаа како на злобници. Луѓето дојдоа и ни рекоа да не се „откажуваме“, но некои беа груби и агресивни. Примери има многу – истакна Иванишевиќ за Спорт Клуб.
Тој го спомена и периодот кога Новак мораше да пропушти голем број турнири поради вакцинација.
– Го почитувам, бидејќи застана зад неговите ставови. Само рече дека нема да работи. Сите бевме веќе вакцинирани на Србија опен, а тој беше подготвен како спортист да ја жртвува кариерата за своите ставови. Човек треба да го цени тоа. Мојата одговорност како негов тренер и пријател беше да бидам тука за него. Одиме во „војна“ против целиот свет и на тоа сум најмногу горд. Среќен сум што бев тука за него, што сите успеавме да му помогнеме да го надмине тоа лудило.
Вели дека и по разделбата ќе остане пријател со Новак во секоја смисла.
– Ние сме пријатели и секогаш ќе бидеме пријатели. Изјави дека ќе бидеме пријатели засекогаш, благодарен сум му што ми ја даде таа доверба. Тоа се луѓето кои ќе останат во моето срце, тие се речиси моето семејство. Поминавме тешки и добри денови. Разговорот беше емотивен, се беше убаво, убаво. Јас и тој дојдовме до заклучок дека ова е најдоброто решение. Сега не одам затоа што е 30-ти во светот. Ќе мора да почне, не се сомневам во тоа. Новак е Новак и кога ќе се појави вистинскиот, секогаш се „кладам“ на него, против кого и да игра, на која било подлога.