Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска уапсило 37-годишен скопјанец откако побегнал од затворот Куманово каде што издржувал казна затвор од 15 години.
„Денеска, на 24.07.2023 година, од страна на полициски службеници на Увидна екипа од одделението за криминалистичка работа Центар и Бит Пазар, од слобода е лишен С.А.(37) од Скопје.
За истото лице е распишана потерница поради бегство од Затворот Куманово каде што ја издржува затворската казна 15 години. Лицето останува во притвор во полициска станица и ќе биде испратено во затвор за продолжување на казната“, се наведува во соопштението.