Безбедносна камера ја снимила ликвидацијата на Орхан Бајрами – Оки во вилата на Халкидики !? Нови детали за смртта на Македонецот во Грција: Убијците ја прескокнале оградата, влегле во вилата, а потоа испукале 19 истрели!

Камерите на луксузната вила на Халкидики во која беше убиен Македонецот Орхан Бајрами – Оки (39 г.) ги снимиле убијците и, според информациите на грчките медиумите, самиот чин на егзекуција.

Орхан Бајрами е убиен во ноќта меѓу петокот и саботата во вилата на познатото одморалиште во Ханиоти, а грчката полиција се уште трага по двајца маскирани лица кои испукале 19 куршуми во Орхан Бајрами, а потоа избегале. При нападот бил ранет и пријателот на жртвата Сеад С., а ликвидацијата се случила пред очите на две девојки со кои Орхан Бајрами бил на одмор. Со нив во вилата имало уште еден маж, а сите биле на возраст од 19 до 45 години.

Иако грчките медиуми прво објавија дека напаѓачите со качулки и фантомки стигнале до вилата со мотор, извор од истрагата вели дека убијците со автомобил стигнале до одморалиштето, од каде се упаднале во дворот на вилата. Според неофицијални информации, тие излегле од возилото, ја прескокнале оградата и се вовлекле до стаклениот ѕид низ кој пукале во просторијата во која седел Орхан Бајрами.

Напаѓачите биле облечени во темна облека, а Орхан Бајрами бил убиен со пригушувачки пиштол околу 03:30 часот, што објаснува зошто никој од гостите во одморалиштето не ги слушнал истрелите. Сепак, останува нејасно дали се скршило стаклото на куќата и ако е така, како никој не го слушнал кршењето.

Се уште не се знае кој точно повикал полиција, но до доаѓањето на патролата Орхан Бајрами и Сеад С. веќе биле пренесени во болница. На бизнисменот по кратко време му била констатирана смрт, додека со прострелна рана во раката е хоспитализиран Сеад С.

Камерите наводно снимиле како напаѓачите по егзекуцијата налетале на автомобилот и почнале да бегаат. Се проверува дали успеале да стигнат назад до Македонија, но автомобилот што камерите го снимиле пред вилата наводно никогаш не стигнал до ниту еден граничен премин.

Македонската полиција тесно соработува со грчките колеги и интензивно трага по џелатите на нивна територија, но засега нема ни трага ни глас од нив.

Грчките медиуми јавуваат дека убијците побегнале со возило со странски регистарски таблички.

Возилото по егзекуцијата не поминало ниту еден граничен премин, па во тек е интензивна потрага низ Грција за пронаоѓање на убијците. Не е исклучено да успеале да ја поминат границата користејќи друго превозно средство“, рекол извор од истрагата за соседните медиуми.

Грчката полиција се надева дека ќе успее да го пронајде барем возилото во кое избегале убијците бидејќи автомобилот може да содржи клучни докази кои би можеле да доведат до убијците на Орхан Бајрами – Оки.

Во јавноста исто така треба да се напомене дека се појавија информации ден пред егзекуцијата односно наводно беше објавено дека Орхан Бајрами – Оки ќе биде убиен и тоа на социјаланта мрежа Тик Ток. Во петокот, некој објавил фотографија од Орхан Бајрами со неколку момци, кои наводно биле убиени претходно во судир на нарко-кланови, со натписот „наскоро“ на неговото лице, додека на другите двајца биле испишани црвени X. Откако беше пријавено дека Орхан Бајрами е убиен, поставена е нова фотографија, овој пат и Орхан Бајрами – Оки е „прекрстен“. Со оглед на начинот на кој е убиен Орхан Бајрами, полицијата е сигурна дека се работи за планирана ликвидација.

Орхан Бајрами
Орхан Бајрами – Оки

Треба да се напомене дека Орхан Бајрами – Оки беше и цел на мафијашката ликвидација што се случи пред три месеци во кафе-бар во Скопје, каде животот го загуби негов близок пријател.

Треба да се напомене дека во Македонија веќе некое време има еден вид војна меѓу две мафијашки групи која трае со месеци и дека групата на Бајрами Дуѓанџик е мета на ривалскиот клан. Наводно, Орхан Бајрами – Оки знаел дека е „следниот на списокот“, поради што се криел во Грција.

Медиумите објавија дека тој во сабота напладне требало да ја напушти вилата на Халкидики, но не се знае дали планирал да се врати во Македонија или имал намера да отпатува понатаму во Грција.