ВИДЕО | “КАКО ТЕ ИЗИГНОРИРАШЕ“ – Се појавија снимки од Кети Пери од Хрватска: Познатата пејачка уловена од обожавателите, а сите зборуваат за нејзината реакција – погледнете

На социјалната мрежа Тик Ток се појави видео од пејачката Кети Пери (38 г.) како шета во Дубровник. Пејачката пристигна на југот на Хрватска заедно со нејзиниот партнер, актерот Орландо Блум (46 г.), богаташот и основач на Amazon, Џеф Безос (59 г.), неговата свршеница Лорен Санчез (53 г.), пејачот Ашер (44 г.)…

Обожавателите ја забележале познатата група луѓе, ги извадиле мобилните телефони и почнале да ги фотографираат и снимаат. Така на социјалните мрежи се најде видео од пејачката додека ги разгледува знаменитостите во Дубровник.

Еј, Кети“, извикал еден обожавател зад камерата, но пејачката не му одговори и целосно го игнорираше.

Иако остана без реакција во живо, другите корисници на Тик Ток беа воодушевени од видеото и самата Кети Пери.

Би умрела да ја сретнам“, напишала една девојка под видеото, а многумина коментирале колку е убава пејачката.

Замислете да ја запознаете Кети Пери во Дубровник“, гласи еден од коментарите под хит видеото.

Но, имаше и такви кои забележаа дека пејачката не претерано ужива во вниманието што го привлекува.

Стави ‘seen’ на – Еј Кејти“, се пошегувал еден коментатор.

Ова не е зоолошка градина, оставете ја на мира“, напишал друг. Многу други се согласиле со него и рекле дека на славните треба да им се дозволи да уживаат во одморот.