Се подготвува реформата во безбедносниот систем со која безбедносните агенции ќе се спојат во една-информира премиерот Мицкоски. Процесот е долг и нема да биде јавен вели тој, бидејќи станува збор за системот за разузнавање и контраразузнавање. Јавна расправа на крајот сепак ќе има.
Безбедносна агенција не и пријавила на МВР, а наводно сум бил организатор и финансиер на милитантна и параполициска структура – вели Мицкоски, откако обелодени дека службите во 2020-та година го следеле. Според него не пријавиле во МВР затоа што било време на техничка влада, кога министер бил Наќе Чулев. Мицкоски очекува Јавното обвинителство по допрен глас да преземе мерки.
Премиерот со повик до МВР да продолжат да се справуваат со криминалот, како што тоа ефикасно го направиле во изминативе 6 месеци.