“БЕЗ ЧУСТВА!“ – Сопственикот на Порше ја оставил својата жена поради бизарна причина! Милијардерот ја ‘шутнал’ сопругата како куче и сега го грее креветот на нејзината пријателка

Светот неодамна беше шокиран од веста дека некогашниот милијардер, еден од сопствениците на познатата и луксузна марка за возила „Prosche“, Волфганг Порше, се разведува од сопругата Клаудија. Сепак, не беше веста за разводот што го изненади светот, туку причината, која многумина ја оценија како морничава, бесчувствителна, па дури и сурова. 

Имено, Волфганг ја напушта сопругата бидејќи не може да го поднесе фактот дека таа боледува од деменција. Според информациите достапни до јавноста, симптомите се влошиле, а извор близок до семејството изјавил дека болеста целосно и го променила карактерот и поради тоа не можат да продолжат како сопружници. 

Клаудија и Волфганг Порше

Малку подоцна, се дозна дека Волфганг се преселил кај заедничка пријателка, принцезата Габриела од Лајнинген и продолжил да живее со неа оставајќи ја својата сопруга.

Инаку, Волфганг Порше беше во врска со Клаудија од 2007 година, а се венчаа во 2019 година. Исто така, милијардерот има четири деца, од кои две се со режисерката и сценаристка Сузан Бресер, со која беше во брак од 1988 до 2008 година.

Вкупниот имот на семејството Порше се проценува на 20 милијарди евра. 

Што се однесува до Клаудија, таа е познат германски лобист, поранешна обвинителка, политичарка и професорка. Студирала кривично право, а подоцна била активна во политиката. 

Пред Волфганг, таа била во еден брак во кој добила ќерка. Таа не го објави новиот развод, но јавноста е на нејзина страна. За неа се грижат четири негувателки и сега живее во близина на нејзината ќерка. За жал, кога станува збор за болеста, главно е истото сценарио – мажите продолжуваат понатаму, додека жените остануваат сами.

Да, можеби заветот вели „во добро или во лошо“, но статистиката вели поинаку, според официјалните податоци, кај паровите каде едниот брачен другар е болен, стапката на развод се искачува на 75 проценти.