Министерот за економија Крешник Бектеши најавува дека од следната недела ќе има намалување на цената на брашното.
„Денеска ме известија дека од следната недела ќе има дополнително намалување на цената на брашното, од нашите производители!
Нашата земја има компании со општествена одговорност!“, пишува Бектеши на својот Фејсбук профил.