Бектеши: Од 1 декември се враќа евтината тарифа на струјата

Од 1 декември ја враќаме евтината тарифа за струја, напиша министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил, откако Регулаторната комисија за енергетика ја објави одлуката за дневната тарифа и новата цена на струјата.

Министерството за економија го проследува постот на Бектеш и нагласува дека нема поскапување на струјата. 

„Како што соопшти денеска Регулаторната комисија, вкупната цена на струјата од 1 јули во првиот блок ќе има попуст од 7,04 отсто. Вкупната цена на струјата во вториот блок ќе биде намалена за 4,09 отсто. Струјата во третиот блок поскапува за 2,54 отсто, а во четвртиот за 2,42 отсто. Цените на струјата во евтината тарифа остануваат речиси идентични“.

Евтината тарифа на струјата ќе важи од 1 декември од 13 до 15 часот, додека новата цена на струјата од 1 јули годинава.