Белата куќа го критикуваше Илон Маск поради „неприфатливо“ одобрување на антисемитски твит

– Белата куќа вчера оштро го осуди „неприфатливото“ одобрување на антисемитски пост на социјалната мрежа Х која е во сопственост на технолошкиот милијардер Илон Маск, кој предизвика широка осуда.

„Неприфатливо е да се повторува ужасната лага зад најкобниот чин на антисемитизам во историјата на САД во кој било момент, а камоли месец дена по најсмортоносниот ден за еврејскиот народ од Холокаустот досега“, рече портпаролот Ендрју Бејтс, повикувајќи се на нападот на Хамас на 7. октомври во кој загинаа повеќе од 1.000 Израелци.

„Најостро ја осудуваме оваа одвратна промоција на антисемитизам и расистичка омраза, која е во спротивност со нашите основни вредности како Американци“, рече Бејтс.

На социјалната мрежа Х во средата попладне беше објавен постот: „Еврејските заедници го туркаат токму оној вид на дијалектичка омраза против белците за која тврдат дека сакаат луѓето да престанат да ја користат против нив.“

Во постот се обвинети евреите дека го поддржуваат преселувањето на „малцинските орди“ во западните друштва.

Корисникот на Х во објавата наведува дека западната еврејска популација „доаѓа до вознемирувачко сознание дека оние ‘малцинските орди’ кои ги поддржуваат во преплавувањето на нивната земја баш и не ги сакаат премногу“.

„Ја кажавте правата вистина“, одговори Маск, кој е најбогатиот човек на светот.

Подоцна се обиде да се повлече, велејќи дека неговиот коментар се однесувал исклучително на Лигата против клевети, група со која Макс повеќепати се расправаше и се обиде да ги обвини огласувачите кои избегаа од Х откако го купи минатата година.