Писториус ќе биде именуван за директор на германската Агенција за воена набавка

– Германскиот министер за одбрана Борис Писториус ќе ја замени директорката на германската Агенција за воени набавки, Габриела Корб, која долго време беше критикувана за бавните и неефикасни процедури при купувањето оружје.

Два извори од германското Министерство за одбрана денеска изјавија дека на нејзиното место ќе дојде претходната потпретседателка на оваа агенција Анет Лениг-Емден.

Писториус, кој ја презеде функцијата министер за одбрана во јануари, сака да го забрза процесот на набавка на оружје и да ги зголеми резервите на муниција.

Германските медиуми објавија дека Берлин веќе една година испраќа вооружена помош за Украина, па затоа воените резерви на Берлин се исцрпени.