Белата куќа ја поздравува одлуката на Унгарија да го ратификува барањето на Шведска за членство во НАТО
Белата куќа ја поздрави одлуката на унгарскиот парламент да го ратификува барањето на Шведска за влез во НАТО, пишува Sky News.
„Сакаме многу брзо да и посакаме добредојде на Шведска како и Финска во НАТО“, изјави портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер
Таа ја повика унгарската влада брзо да го заврши процесот што ќе и овозможи на Шведска да влезе во НАТО.
Инаку, денеска унгарскиот парламент го ратификуваше барањето на Шведска за прием во НАТО.
Шведска избегнуваше да се приклучи на најголемиот воен сојуз повеќе од 200 години, но сето тоа се промени со руската инвазија на Украина.