– Белата куќа денеска соопшти дека Русија продолжува да бара оружје од Северна Кореја за војната во Украина, откако Пјонгјанг веќе испрати артилериска муниција на групата Вагнер што се бори на фронтот.
„Имаме нови информации дека Русија активно бара да набави дополнителна муниција од Северна Кореја“, рече портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби.
Американското Министерство за финансии стави на црната листа Словак кој дејствувал како посредник во такви зделки.