Бела Хадид ги враќа старите модни трендови: Комбинации од 90-тите

Кога станува збор за стилот на манекенката Бела Хадид, едно е сигурно – одредени комбинации само таа може ги врати повторно да бидат во тренд.

Таа е позната по изборот на комбинации од 90-тите, па дури и на големо ги врати трендовите од тие години.

Дека нејзиниот стил не е секојдневен, туку дека сè што ќе облече изгледа совршено, докажа неодамна.

Имено, Бела е фотографирана на улиците на Њујорк во ниски панталони во неонски жолти и дуксер во иста боја. На панталоните стави кафеав појас, а преку дуксер носеше таканаречена бомбер јакна и навистина изгледаше како да е дојдена од минатото, поточно 90-тите.