Белгиски училишта запалени и вандализирани во знак на протест поради новата програма за сексуално образование
– Училишта во Белгија беа запалени и вандализирани во знак на протест против новата програма за сексуално образование.
Некои од тие случаи се директно поврзани со програмата ЕВРАС што предизвика гнев кај одредени групи, објави весникот „Л’Соар“.
Во четири училишта во Шарлроа во централна Белгија, властите пронајдоа написи против ЕВРАС.
Друго училиште во источниот град Лиеж не беше запалено, но беше вандализирано со написи.
Министерката за образование Каролин Дезир, го посети регионот Шарлроа да изрази поддршка за наставниот кадар и раководството, како и за учениците и родителите.
„Не, ЕВРАС не подготвува педофилски систем“, рече Дезир. „Не, не планира да ги охрабрува децата да го сменат полот. Не, не планира да ги учи за сексуални активности.“
Парламентот во француската заедница Валонија-Брисел го усвои законот за ЕВРАС на 7 септември, и покрај протестите на различни групи.
Муслиманската заедница ја оспори програмата преку соопштение објавено на 6 септември од организации и здруженија, изразувајќи целосно несогласување и осудувајќи ја програмата за хиперсексуализација на децата.
Експертски тимови ќе одат во училиштата како дел од програмата ЕВРАС за да им дадат на учениците сексуална, биолошка и едукација за чувствата преку анимации.
Проектот опфаќа 85.000 ученици во регионот на Валонија и 25.000 во Брисел.