Белингем го израмни рекордот на Роналдо и Снајдер во Реал

 Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингем го постигна победничкиот гол на натпреварот од 3. коло на шампионатот на Шпанија против Селта.

За 20-годишниот Англичанец синоќешниот погодок беше на третата средба по ред во Ла Лига. Така, тој стана третиот играч по Кристијано Роналдо и Весли Снајдер кој постигнал гол на секој од неговите први три натпревари за „кралскиот клуб“.

Реал Мадрид е прв на табелата во шпанското фудбалско првенство со максимални три победи и девет освоени бодови. Селта е на 16. место со еден бод