Фудбалерот на Реал Мадрид, Џад Белингем ќе биде подготвен за денешниот прволигашки дуел против Валенсија на гостински терен, откако се рехабилитираше од повредата на скочниот зглоб поради која пропушти три натпревари.
Враќањето на Белингем во составот на Реал Мадрид го потврди тренерот Карло Анчелоти.
„Белингем не тренираше многу со соиграчите, но индивидуалниот дел го одработи добро. Подготвен е и ќе игра“, рече Анчелоти.
Белингем, кој е водечки стрелец во Ла Лига со 16 погодоци, отсуствуваше од теренот, откако на дербито против Жирона на 10 февруари постигна два гола.
Без него во составот, Реал забележа победи од по 1-0 проитв Лајпциг во Лигата на шампиони и Севиља во Ла Лига, а одигра нерешено 1-1 против градскиот ривал Рајо Ваљекано.