Белингем се враќа во игра на почетокт на март

Суперѕвездата на Реал Мадрид, Џуд Белингем, ќе се врати на теренот по повредата на зглобот што ја заработи против Џирона на 2 март.

Повредата се покажа како доста сериозна и првично клубот објави дека Англичанецот ќе паузира неколку недели.

Тој ги пропушти последните два натпревари на Реал и нема да игра против Севиља овој викенд, но според „Марка“, би требало да биде на располагање за дуелот со Валенсија на крајот на следната недела.

Пред тоа, Реал очекува тој да продолжи со вообичаените тренинзи и да запише минутажа во судирот за да може да биде во оптимална состојба за реваншот против РБ Лајпциг во Лигата на шампионите на 6 март.

Другата добра вест во тимот се однесува на Антонио Рудигер, кој најверојатно ќе се врати на терените веќе овој викенд, како и голманот Тибо Куртоа, чие закрепнување од тешката повреда, исто така, оди според планот и тој треба да биде достапен во последната недела од март.