БЕЛОРУСИЈА РАСПОРЕДИ ТЕНКОВИ Т-72Б НА ГРАНИЦАТА СО ЛИТВАНИЈА: Лукашенко подигна 3 бригади МОБИЛИЗИРАНИ И РЕЗЕРВИСТИ

Белорусија наводно мобилизирала резервисти и распоредила тенкови во близина на границата со НАТО!

Украинскиот портал Киев пост објави дека војници и опрема, вклучително и тенкови од 19-та гардиска механизирана бригада на Белорусија, се распоредени во близина на западната граница на земјата со Литванија.

Синдикатот на железничарите на Белорусија, група која се противи на политиката на белорускиот претседател Александар Лукашенко, верен сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, рече дека воз натоварен со воена опрема и персонал пристигнал во средата вечерта во Ашмјан, кој е на помалку од 25 километри од границата со Литванија..

Групата вели дека возот што пристигнал на станицата Ашмјани се состоел од четири патнички вагони полни со белоруски војници и дури 42 вагони натоварени со опрема – вклучително и девет тенкови Т-72Б.

– Министерството за одбрана на Белорусија подоцна потврди дека распоредувањето вклучувало тенкови Т-72Б и пешадиски борбени возила БМП-2 – соопшти независната белоруска набљудувачка група Хајун, која ги следи воените активности на руските и белоруските сили на белоруска територија.

Министерството за одбрана на Белорусија во соопштение објавено на социјалните мрежи соопшти дека до 5 април се одржува воена обука во регионот кој го опфаќа Ашмјани. Дополнителни вежби, наводно, биле одржани во неколку други региони на Белорусија, вклучително и некои во области недалеку од границата со Полска, исто така членка на НАТО.

– Персоналот ќе треба да биде преместен во одредени области и да спроведе низа вежби и обуки, вклучително и пукање со боева муниција. За време на маневрите е предвидено движење на воена опрема. Можно е движењето на цивилниот сообраќај по јавните патишта и површини да биде привремено ограничено – се наведува во соопштението на белоруската армија.

Почетната фаза од големите белоруски вежби во кои учествуваат редовни трупи, односно резервисти и единици за територијална одбрана, започна на 11 март.

– Главната цел на обуката беше обука во услови на воена мобилизација и одбрана на белоруската територија од агресори – пишува Киев пост.

Релативно малата армија на поранешната советска република има четири борбени бригади, од кои три, наводно, учествувале во маневрите.

Белорусија неодамна објави дека усвоила нова воена доктрина која дозволува употреба на нуклеарно оружје, откако прими пратка од Русија кон крајот на минатата година.

Инаку, Лукашенко му дозволи на рускиот претседател Владимир Путин да ја користи територијата на Белорусија како полигон за инвазија на Украина во февруари 2022 година.