– Белорусија порача дека доверливо ја штити Русија од евентуален напад на НАТО, објави државната новинска агенција Белта.
„Братската земја Русија, која спроведува „специјална воена операција“ во Украина, е во првите редови во борбата против неонацизмот. На своја територија Белорусија доверливо ја штити Русија од напад на НАТО во грбот на Русија. Тоа е најважната област на работа за нас“, рече министерот за одбрана Виктор Хренин на седницата на вториот Меѓународен антифашистички конгрес во Минск.
„Во исто време Белорусија прави многу за спротивставување на рехабилитацијата на нацизмот и пропагирањето на неофашизмот, за зачувувањето на историската меморија за херојството на Советскиот Сојуз за време на Втората светска војна“, додаде тој.
Хренин истакна дека е неопходно да се обедини меѓународната заедница за „објективна проценка на настаните што се случуваат во земјите каде што се оживува фашистичката идеологија“, со цел да ги спречи.
„Имајќи ја предвид ескалацијата на воените подготовки во светот и охрабрувањето на нови земји да се приклучат кон неофашизмот, препорачливо е да се предложи претставниците на политичките партии, јавните организации и движења да се обединат во единствен меѓународен антифашистички фронт“, порача Хренин.
Белорусија е сојузник на Русија, која започна „специјална воена операција“ за „денацификација“ и „демилитаризација“ на Украина во февруари 2022 година.