„Белото злато“ на 21 век: Го имате дома, а веројатно не го знаете

Костарика, земја каде површинското ископување е забрането, стана светски лидер во ископувањето тешки метали како што е литиумот.

Фабриката за рециклирање Фортек е основана пред речиси три децении во градот Картаго, на 27 километри од главниот град Сан Хозе, а вработените ја нарекуваат „урбан рудник“.

Во последните шест години, нивниот фокус е на екстракција на литиум од батерии за полнење кои секојдневно се користат во бројни електронски уреди како што се мобилни телефони, лаптопи, електрични автомобили и соларни панели.

Секоја година во светот се фрлаат милиони батерии. Иако куќиштето на батеријата се деградира во период од 100 години, токсичните метали содржани во него никогаш не се деградираат.

Фортех најде „рудник за злато“ во екстракција на тешки метали од батериите, а на нашата планета и обезбедува спас.

„Сега знаеме дека тоа не е отпад. Знаеме дека тоа е ресурс што може повторно да се искористи“, изјави за AFP Гилермо Переја, извршен директор на Fortech. „Важно е да се скршат парадигмите“, додаде 54-годишниот Переја, кој со синот Франциско (25) смислиле нов метод за вадење метали од потрошените батерии.

„На светот му треба кружна економија која рециклира скапоцени примарни материјали наместо да зема сосема нови“, рече тој.

Бело злато

Ископувањето на литиум често се изведува во услови кои се штетни за животната средина, работниците и локалното население. Но, во Фортек, целиот литиум доаѓа од 1.500 тони потрошени батерии кои се фрлаат во Костарика секоја година, објасни менаџерот на проектот Франциско Переја.

Искористените батерии се собираат во трговски центри, продавници за електроника или продажни салони за електрични автомобили.

Литиумот го нарекуваат „бело злато“ или „нафта на 21 век“, а во последните години неговата цена експлодира на светскиот пазар. Во ноември 2020 година вредноста на литиумот беше 5.700 долари за тон, а во септември 2022 година неговата вредност се зголеми на 60.500 долари по тон поради зголеменото производство на електрични автомобили.

Сепак, погоните за производство на литиум трошат милиони литри вода и можат да бидат штетни за животната средина. Но, кога литиумот се извлекува од рециклирани батерии, се ослободува само четвртина од јаглерод диоксидот што ја загрева планетата во споредба со ископувањето на литиум, тврди Анри Прадо, хемичар во Фортех.

Рециклирањето ја спасува планетата од загадување на животната средина предизвикано од „вообичаениот метод на отстранување“ на литиумските батерии, кои обично едноставно се фрлаат, додаде Прадо.

Според Американското хемиско здружение, само пет проценти од сите литиум-јонски батерии во светот се рециклираат.

Пионери

Во Fortech, искористените батерии се ставаат на подвижна лента што ги носи до уништувачот. На овој начин, отпадот се трансформира во мешавина од кобалт, никел, манган и литиум, позната како „црна маса“.

Овие метали сочинуваат околу 57 проценти од секоја батерија, а остатокот е бакар, алуминиум, пластика и железо, кои исто така може да се рециклираат.

Фортек нема технологија за да ги одвои поединечните метали од „црната маса“, па потоа ја продаваат на фабриките во Европа за да го завршат процесот и да ги произведат батериите.

Германската агенција за развој (ГИЗ) тврди дека Фортех ја претворила Костарика во „латиноамерикански пионер за новата проценка на искористените литиумски батерии“.