Бензема бара од Ал Итихад привремено да го напушти клубот! Францускиот фудбалер е под голем притисок: Можеби ќе се врати во Лион
Фудбалерот на Ал Итихад, Карим Бензема побара од раководството привремено да го напушти клубот.
Како што пренесува Франс прес, Ал Итихад му понудил на францускиот фудбалер да замине на позајмица во друг саудиски клуб, но Бензема одбил.
Како што изјави извор близок до клубот, Бензема „мисли дека не може да го даде максимумот на Ал Итихад поради преголем притисок“.
Бензема има договор со Ал Итихад до 2026 година.
Француските медиуми објавија дека поранешниот француски репрезентативец би можел да се врати во Лион.
Бензема го продолжи својот одмор без дозвола на клубот и подоцна се приклучи на тимот.
Тој постигна 12 гола на 20 натпревари оваа сезона, но беше критикуван од навивачите за слабата форма. Тимот моментално е седми во саудиската лига, со 25 бода помалку од лидерот Ал Хилал со натпревар помалку, а титулата ја освои минатата година.