Бенјамин Нетанјаху: “Израел повторно ќе ја преземе контролата врз границата на Појасот Газа со Египет“
Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, порача дека Израел повторно ќе ја преземе контролата врз границата на Појасот Газа со Египет, со цел да биде проширена мисијата за „неутрализирање“ на палестинската милитантна група Хамас.
Бенјамин Нетанјаху изјави дека „војната е на врвот“ и дека тампон зоната на коридорот, која се протега долж границата на Појасот Газа со Египет, „мора да биде во рацете на Израел“, пренесува весникот The Guardian.
Тој додаде дека војната меѓу Израел и Хамас ќе продолжи уште „многу месеци“.
„Војната ќе продолжи се додека Хамас не биде елиминиран и заложниците не бидат ослободени. Гарантираме дека Газа повеќе нема да претставува закана за Израел“, посочи Бенјамин Нетанјаху.