На Бен Афлек му олесна откако неговата сакана Џенифер Лопез поднесе барање за развод.
Да потсетиме дека Џенифер Лопез поднесе барање за развод од актерот Бен Афлек по две години брак.
Барањето е поднесено во вторникот во Врховниот суд на округот Лос Анџелес, според судските документи што ги виде Би-Би-Си.
Само неколку часа по поднесувањето на барањето, пишува „Дејли мејл“, актерот бил забележан на аеродромот во Лос Анџелес.
Неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер трпеливо го чекала, а папараците сето тоа го снимиле.
Судејќи по фотографиите кои стигнаа до мрежите, се чини дека Бен „осна“ откако поп дивата Џенифер Лопез поднесе барање за развод.