Беран го забележале американските тајни служби, тие ги предупредиле австриските: Осомничените вежбале за нападот

Во домот на 19-годишниот Беран А. полицијата вчера пронашла различно оружје: ножеви, кабли за палење, детонатори, фалсификувана полициска карта и 21.000 фалсификувани евра. Toj e главниот осомничен за планирање терористички напад на концертот на поп-ѕвездата Тејлор Свифт во Виена. Полицијата пронашла и запленила и многу материјали за изработка на бомби, како и пропаганден материјал на ИСИЛ.

Австриски „Heute“ пишува дека осомничениот нападот го вежбал со својот 17-годишен потенцијален соучесник. Неговиот автомобил, црн „фолксваген“, се уште стои пред неговата куќа во Терница. „Heute“ објави фотографија од автомобилот, со прашање дали тоа возило требало да биде оружјето на смртта пред виенскиот стадион „Ернст Хапел“.

Познато е дека уапсените веќе вежбале за нападот и се обиделе да возат со монтирана сина ротација, каква што има и полицијата.

„Имам 17 години, а Беран има автомобил. Сакавме само малку да се провозиме низ околината“, изјавил во полиција помладиот соучесник на главниот обвинет.

Првичните резултати од полициската истрага покажаа колку темелно бил разработен планот за терористичкиот напад на концертот на најголемата светска поп ѕвезда Беран А.

Фанатикот на ИСИЛ признал дека планирал со автомобил да влета во 20.000 луѓе кои ќе бидат надвор од стадионот, потоа да ги нападне со ножеви и мачети и на крај да активира бомба при што би загинал и тој.

Полицијата потврди дека 19-годишникот го опремил автомобилот со сина ротација, за да го олесни преминот до влезот на концертот и масата обожаватели.

За потсетување, Беран беше уапсен во средата во куќата на неговите родители во Терница. Неговите родители се по потекло од Северна Македонија, а во моментот на апсењето неговите родители биле на одмор.

17-годишникот е со хрватско-турско потекло, уапсен е истиот ден во попладневните часови, во близина на стадионот во Виена.

Франц Руф главниот директор за јавна безбедност на Австрија, рече дека главниот осомничен признал се и ги опишал плановите за напад, а Австријците информациите ги добиле од американската тајна служба.