– Кина би можела да игра одлучувачка улога во завршувањето на војната во Украина, изјави на денешната заедничка прес-конференција шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок и нејзиниот кинески колега Чин Ганг.
Таа истакна дека Кина, како постојана земја-членка на Советот за безбедност на Обединети нации може да влијае врз судирот и да стави крај на истиот.
– Кина нема да го гледа огнот од другата страна на брегот или да долева масло на огнот, одговори Чин.
Шефот на кинеската дипломатија од вчера до 12 мај ќе ги посети Германија, Франција и Норвешка.
Предвидени се средби на Чин и со француската и норвешката министерка за надворешни работи, Катрин Колона и Аникен Хуитфелд.