БЕСОТ СЕ ШИРИ НИЗ ЕВРОПА! По германската блокада на патиштата во Франција, протести во Полска, Бугарија, Романија и Брисел

Земјоделците во Европската унија започнаа протести против политиките на владејачките структури за кои сметаат дека се контрадикторни, неправедни и ја загрозуваат нивната иднина, а овој револт се повеќе се шири.

По масовните протести забележани во Германија, кои кулминираа минатата недела кога 6.000 трактори беа втурнати во центарот на Берлин, деновиве најнасилно е во Франција, каде земјоделците ги блокираа патиштата низ земјата.

Јуронујз јавува дека фрлале и измет и вештачко ѓубриво пред официјалните институции, а во рестораните за брза храна расфрлале бали сено.

Трагедија се случи и во вторникот кога еден фармер и нејзината ќерка загинаа, а нејзиниот сопруг тешко беше повреден во судир на барикада што ја поставија демонстрантите во регионот Ариеж во југозападна Франција.

Франција

Најголемиот француски земјоделски синдикат FNSEA соопшти дека протестите ќе продолжат „оваа недела и онолку долго колку што е потребно“.

Тие најавија дека ќе преземат акција на национално ниво додека нивното движење расте.

На блокадата на автопатот А16, една од раскрсниците каде се одржува протестот, денеска пред насобраните се обрати Арно Русо, претседател на ФНСЕА и рече дека „во оваа фаза“ не се планира блокада на Париз.

Францускиот сајт Локал наведува дека ова е прва криза што го погоди новоименуваниот премиер Габриел Атал.

протест на фармерите, фармери, Франција

Тој свика итен состанок на кој ги собра министрите за економија, заштита на животната средина и за земјоделство за заеднички да одлучат за мерките за спречување на можна блокада на француската престолнина.

Гневните француски фармери беа снимени како за време на протестот со багер уништуваат овошје увезено од Шпанија, кое го сметаат за нелојална конкуренција за нивното производство.

Демонстрираат и затоа што дизел горивото ќе поскапи поради укинувањето на владините субвенции, како и дополнителните давачки за потрошувачката на вода и комплицираната бирократија.

Брисел

Сепак, не е само Франција каде што протестот всушност се прелеа од соседните земји Холандија и Германија, каде што претходно беа забележани масовни блокади на патиштата со трактори и друга земјоделска механизација.

Земјоделците на истокот на ЕУ се сè поочајни поради нелојалната конкуренција што пристигнува со поевтино жито од Украина.

Романија

Протести се одржаа во Полска, Романија, Словачка, Унгарија и Бугарија.

Романски и бугарски земјоделци ги блокираа граничните премини со трактори и камиони.

Во следните недели, протестот би можел да се прошири во Шпанија и Италија, каде и земјоделците се решени да се приклучат на растечкото движење.

Во средата демонстрации се одржаа и во Брисел, главниот град на ЕУ, каде претставниците на Европската комисија денеска треба да започнат стратешки преговори со земјоделските синдикати.