Беше Мис на Италија, сега ги игнорираше модните правила и се истакна: Поранешна Бонд девојка во фустан од 10 килограми!

Синоќа свечено беше отворен јубилејниот, 80. Венециски филмски фестивал , па иако тоа се случува под малку изменети околности, црвениот тепих повторно беше збирно место на гламур. 

За кума на овогодинешната Мостра беше избрана познатата италијанска актерка Катерина Мурино, која по наредба беше една од првите што зачекори на црвениот тепих на премиерата на филмот „Команданте“.

Поранешната мисица ги добила сите комплименти во фустан тежок дури 10 килограми!

Нејзиниот прекрасен црвен тоалет го потпишува брендот Армани, а таа се осмели она што многумина го избегнуваат – да прошета по црвениот тепих во црвен фустан.

Иако ги игнорираше правилата, изгледаше сензационално! Црвената и стои одлично, па Катерина беше елегантна и софистицирана.

Тоа е тоалет со едноставна форма, што ги открива рамената и се протега од половината до подот во А крој. Дополнителен гламур и дадоа светките.

Таа во својата модна приказна одлично вклопи златно ланче во форма на змија, што е навистина ефикасен детаљ.

Додала и прстени, нараквица и обетки од истиот комплет, а косата и била исчеткана наназад, лесно исплетена и свиткана во лежерни бранови.

Во 2006 година Катерина ја освои титулата Мис на Италија, а истата година му беше девојка на Бонд во филмот „Казино Ројал“, првиот во кој Даниел Крег ја презеде улогата на познатиот агент.

Таа моментално живее и работи во Париз со партнерот и нивниот син, а не само што е ѕвезда на Стариот континент, туку и во Кина и Боливуд