Беќаровски со предлог: Притворените за сквернавење знамиња следните 30 дена, секое утро на јарбол да го подигаат знамето и да ја пејат химната на државата чие знаме го запалија
Не стивнуваат реакциите за лицата кои го запалија и уништуваа македонското знаме. Со воспитен предлог овој пат се огласи д-р Нико Беќаровски. Според него, еве што треба да се направи.
„Притворените за сквернавење на знамињата, без оглед на етничката припадност, следните 30 дена во притвор, секое утро на јарбол да го подигаат знамето и да ја пеат химната на државата чие знаме го запалија.
Со оваа воспитна терапија можеби ќе ја научат барем оваа лекција која ја пропуштиле на училиште“, напиша тој на фејсбук.