„Бидете добри, но не дозволувајте да ве искористат“: Најсреќниот човек на светот ги откри правилата за среќен живот

Матје има докторат по молекуларна генетика, се откажа од својата научна кариера и се сврте кон будизмот и животот во манастир во Непал. Тој има 75 години, а оваа титула за најсреќен човек на светот ја доби откако учествуваше во 12-годишното истражување за медитација предводено од неврологот Ричард Дејвидсон. Неговата моќ за контрола на умот е огромна, а мозокот произведува нивоа на гама зраци (кои се поврзани со вниманието, учењето и меморијата) кои никогаш претходно не биле снимени.

Бидете добри, но не дозволувајте да ве искористуваат!

Ако сакате да бидете среќни, треба да бидете добронамерни. И не само што ќе се чувствувате подобро, туку и другите ќе почнат да ве гледаат како подобра личност. 

„Сепак, не дозволувајте другите луѓе да ве искористуваат. Потрудете се да бидете разумно учтиви. Ако вашиот ум е полн со добронамерност, ентузијазам и солидарност, тоа е здрава состојба на умот што води до процут на целото битие. Така, вие ќе бидете во многу подобра психичка состојба. Докажано е и дека ќе бидете поздрави“, вели тој.

Не грижи се за ништо

Кога ќе наидете на тешкотии и проблеми и ако има решение за тоа, направете го тоа. Ако нема решение, нема смисла да се грижите бидејќи проблемот само станува сè поголем. Опуштете се. И размислете кои други корисни работи би можеле да ги правите. Најдете друг начин.

„Бидете добри, но не дозволувајте да ве искористат“: Официјално најсреќниот човек на светот ги откри правилата за среќен живот
 

Тренирајте за среќен живот

Многу човечки квалитети се исклучително важни за среќен живот, како грижа, љубов, добрина, внатрешна слобода и внатрешен мир. Овие карактеристики не можете да ги подобрите без вежбање, а вежбањето бара време, советува Матје.

Најдете ја вашата страст

Кога имав 20 години бев збунет барајќи вештина со која би можел да се занимавам и која ќе му даде смисла на мојот живот. Во одреден момент треба да се запрашате што е навистина важно. Како што рекол грчкиот поет Аристофан, образованието не е само полнење вазна, туку и палење пламен. И тој пламен му дава смисла на животот. И тој пламен не е секогаш таму каде што мислите дека може да биде. Постои поле, вештина што ќе ве исполни и инспирира. Побарајте го и направете сè што е потребно за да го добиете она што го сакате.

Посакајте среќа на сите

Бидете алтруисти и посакувајте секој човек на светот да најде среќа . Зошто би исклучил некого? Посакувате некому среќа не значи дека сакате да прави лоши работи, да лаже, да малтретира, бидејќи тоа никому не носи среќа. Ова значи дека сакате тие да бидат сочувствителни и ослободени од страдање, гнев, ароганција, нарцизам. Алтруизмот значи да се сака само доброто кај луѓето, истакнува Матје.

Помогнете им на другите

Каде и да одам, одам со цел да помогнам некому. Зошто инаку би одел некаде и би патувал? Совршено сум добро каде што живеам, на Хималаите. Секогаш кога ќе се симнам од Хималаите, сакам да помогнам некому. Во спротивно секое заминување од дома би било губење време, вели најсреќниот човек.