Филмска акција при апсењето на Шкаљарецот: Поставиле автомобил-бомба во Цетиње! (ВИДЕО)

Тројца мажи – Б.П.(34), В.В.(28) и В.В.(28) се уапсени за обид за убиство во Цетиње, Црна Гора на 13 септември. Според информациите, станува збор за висок ,,функционер” на кланот Шкаљар и уште двајца кои според евиденцијата на полицијата, тие се блиски до таа криминална организација.

Приведувањето на споменатите лица го извршиле службениците на антикриминалниот сектор со кој раководи помошникот директор на УП Лазар Шќепановиќ.

Црногорската полициска управа објави и видео од нивното апсење, на кое може да се види како полицајци упаднале во куќата и ги апсат двајцата осомничени.

Се претпоставува дека под автомобилот „тојота рав4“ што го користе Г.С., се обиделе да постават импровизирана експлозивна направа.

Да потсетиме,  кланот „Шкаљарски“ е создаден од таканаречената Которска група откако во 2014 година во Валенсија исчезна големо количество кокаин. Тогаш се создадени две криминални групи „Шкаљарски клан“ по населбата во Котор ,,Шкаљара” и „Кавачки клан“ во населбата – ,,Кавач”, исто така во Котор.

Водачи на Шкаљарскиотбклан биле Јовица Вукотиќ и Игор Дедовиќ, кои подоцна биле ликвидирани. Од 2014 година, кога беше поделена Которската група, војната меѓу Кавачкиот и Шкаљарскиот клан трае, а десетици членови на двата клана беа убиени во брутални ликвидации за време на годините на конфликтот.