“БИДЕТЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ!“ – Опасен симптом кој се појавува наутро може да биде знак за тешка болест

Вртоглавица и зашеметеност наутро може да бидат симптоми на опасна состојба.

Септичниот шок е опасен по живот, а предизвикува и пад на крвниот притисок по инфекција. Тоа е тешка сепса која може да ги оштети белите дробови, бубрезите, црниот дроб и другите органи. Секаков вид на бактерии може да предизвика септичен шок. На почетокот може да почувствувате слабост, треска, забрзан пулс и забрзано дишење.

Потењето без очигледна причина и треперењето се исто така вообичаени показатели за сепса. Меѓутоа, кога токсините ги оштетуваат малите крвни садови и испуштаат течност во околните ткива, тоа може да влијае на способноста на срцето да пумпа крв. Ако крвта не стигне до виталните органи, како што се мозокот и црниот дроб, може да доведе до смрт.

Кај некои луѓе, може да биде очигледно да се забележи дека не се добро, но други знаци на септичен шок може да биде потешко да се забележат. Меѓу некои однесувања кои би можеле да укажат дека сте во опасност, се издвојуваат оние кои најмногу се забележуваат наутро. Ако имате потешкотии да станете или чувствувате вртоглавица, особено по будењето или додека се облекувате, можеби е време да побарате докторска помош.

Најчестите симптоми на септичен шок се:

  • тешкотии при станување
  • вртоглавица или зашеметеност
  • тешка поспаност
  • конфузија или дезориентација
  • дијареа
  • гадење и повраќање
  • ладна, мрсна и бледа кожа

Ако вие или некој што го познавате ги доживува овие симптоми, треба да се јавите на 911 (193). Ова е особено важно за новороденчињата, постарите, трудниците и луѓето со долготрајни здравствени проблеми. Шансите за преживување на септичен шок зависат од причината за инфекцијата, од бројот на органи кои откажале и од тоа колку брзо ќе започне лекувањето.

Повеќето луѓе закрепнуваат од блага сепса, но стапката на смртност од септичен шок е околу 30 до 40 проценти, според информациите на докторите. Потенцијалните компликации вклучуваат респираторна инсуфициенција, срцева слабост, откажување на бубрезите и згрутчување на крвта.