,,Биди среќна ако можеш” – Цеца Ражнатовиќ никогаш нема да го заборави последниот совет што Аркан ѝ го дал (фото)

Жељко Ражнатовиќ Аркан беше убиен пред 24 години, на денешен ден, на 15 јануари 2000 година, во хотелот „Интерконтинентал“ во главниот град на Србија.

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ своевремено гостуваше во емисијата „Свитање“ на телевизија Пинк, каде откри што и’ кажал нејзиниот покоен сопруг Жељко Ражнатовиќ Аркан.

Имено, познато е дека пејачката е голем професионалец и дека го одвојува приватниот живот од кариерата, но често со публиката и фановите ги споделува најинтимните работи. Како што вели за себе, таа е „обична жена“, а за своја голема доблест ја смета верноста и лојалното пријателство.

– ,,Мислам дека сум добар пријател. Имам голема почит за лојалноста кај луѓето. И тоа го научив од мојот покоен сопруг. Секогаш велеше: „Богатството не е во материјалните работи“. Млади сте и со време ќе разберете, вашето најголемо богатство секогаш и засекогаш ќе бидат вашето семејство и лојални пријатели. И биди среќен ако можеш да издвоиш двајца вистински лојални пријатели до крајот на животот. И тоа е вистината, навистина” – рекла Цеца.

Жељко Ражнатовиќ Аркан, Аркан

Ражнатовиќ зборуваше и за разделба со одредени пријатели, а откри дека верува дека ништо во животот не е случајно.

– Ми се случило во некои случаи луѓето едноставно да се кристализираат. Секако дека ви е тешко да го преболите, но го преболувате. Едноставно, некои луѓе имаат рок на траење во вашиот живот, вашите патишта се разминуваат, некои на убав начин, некои на болен и грд начин, но, пак велам, ништо не се случува случајно во животот, ниту пак случајно запознаваме некои луѓе ниту пак случајно се разделуваме од некои луѓе – изјави Цеца.

-Тоа е еден вид баланс.Таму каде што можеби лошо раскинав, никогаш не „плукав“ на таква врска, што би рекле нашите, ниту сум коментирала лошо, бидејќи тоа беа моите избори. А сега дали се добри или лоши, времето ќе покаже – заклучила пејачката.