Бизарен апел на Русија до украинските дипломати ширум светот: “Знаеме што ви прават, дојдете во Москва!“
Русија денес го повика персоналот на украинските амбасади ширум светот да избегаат во Москва.
Во соопштението за печатот на руската служба за надворешно разузнавање се вели: „Апелираме до вработените во украинските дипломатски претставништва и претставништва на државните органи во странство. Ако се чувствувате одговорни за судбината на вашата татковина, мирот и стабилноста во Европа, ако сте под притисок на криминалниот режим на Киев кој ја води Украина до национална катастрофа, дојдете во Москва, каде што вие и вашите најблиски ќе имате загарантирана безбедност“.
Службата тврди дека големи чистки се спроведуваат во странски институции на Украина со цел да се идентификуваат вработените нелојални на Киев и да се обезбеди нивно враќање во татковината.