‘БИЗАРЕН ДОГОВОР!’ – Бремената свршеница му дозволува на славниот Нејмар да ја изневерува: “Само под овие услови!“

Нејмар, фудбалерот на Пари Сен Жермен и неговата свршеница Бруна Бјанкарди наводно имаат доста либерални правила за нивната врска, барем кога станува збор за познатите.

Како што пишува New York Post, повикувајќи се на трач-страницата Em Off, бразилската фудбалска ѕвезда и моделот, кои во април открија дека чекаат заедничко дете, се придржуваат до три правила кои му дозволуваат на фудбалерот да биде неверен.

Наводниот „договор“ меѓу парот е дека Нејмар може да биде со други девојки се додека е дискретен за врската. Нему му е забрането да биде со проститутки и да води љубов без кондом, а не смее да ги бакнува и во уста. Дотогаш, 31-годишниот фудбалер наводно е „слободен да флертува, па дури и да има секс со други жени“.

слика
Нејмар и Бруна Бјанкарди

Нејмар и Бруна Бјанкарди, кои ја објавија својата врска во април 2022 година, ја објавија веста за нивната бременост со заедничка објава на социјалната мрежа Инстаграм во април 2023 година.

Нејмар има 12-годишен син Дави Лука да Силва Сантос од претходната врска со Каролина Дантас, пишува The Sun. Тој во моментов се опоравува од операцијата на лигаментите на скочниот зглоб која ќе го остави надвор од терените најмалку три месеци, објави ПСЖ во март.