Бизарен инцидент во центарот на Рим: Ротвајлер падна од прозорец од третиот кат врз трудница (фото/видео)

Несекојдневен инцидент се случил во Рим, кога куче ротвајлер паднало од третиот кат на зграда во центарот на Рим и за малку ќе убиело трудница која се движела по улица со својот партнер.

Според италијанските медиуми, 28-годишната жена е повредена, но нејзиниот живот не е во опасност. Падот на кучето врз неа од висина од 10 метри не го загрозил плодот, кој многумина го сметаат за вистинско чудо. Полицијата и итната помош веднаш излегле на местото на настанот, а улицата била привремено затворена.

На неколку метри од жената која била во целосен шок лежело куче. Немало спас за него.

Набрзо сопственикот на кучето пристигнал на местото на несреќата во целосен шок. Никој не може да објасни што се случи. Сведоците забележуваат дека додека брзата помош и’ помагала на жената, никој не дошол кај кучето, кое починало од повредите.

Се претпоставува дека кучето изгубило рамнотежа на прагот на прозорецот, но понатамошната истрага на крајот ќе ги утврди причините за овој немил инцидент.