Енрике Иглесијас отворено зборуваше за бракот и децата: И ние имаме лоши периоди, но по дождот доаѓа сонце!

Бидејќи Ана Курникова и Енрике Иглесијас строго „ја чуваат приватноста под клуч“, бевме изненадени кога пејачот јавно призна дека и тие „имаат лоши денови“.

Во едно од ретките интервјуа во кои се осврна на своето семејство, тој рече:

– Одиме, чекор по чекор (напред). Ќе има убави денови, помалку убави денови, а ако ги поминете, ќе ви бидат уште подобри. „Луѓето велат: „Знам дека ова е личноста со која ќе го поминам животот!”, и јас се сложувам со нив. Никогаш не знаете што носи утрешниот ден, рече Енрике кој ја запозна Ана во 2001 година, за време на снимањето на спотот за песната „Escape“.

Парот, инаку, има три деца, тригодишната ќерка Мери и петгодишните близначки Луси и Николас – кои обожаваат да ја слушаат музиката на славниот татко.

-Кога ќе ги земам на училиште и ако некој од нив имал лош ден, тие плачат, се караат… Ги прашуваме која е нивната омилена песна, а потоа заедно ќе ја отпееме и се веселиме. Преслатко.Уживам додека трае – си ја отвори душата.