Русите ја менуваат својата тактика! Кадиров ги откри деталите

Руската армија ја промени тактиката за време на воената операција во Украина, се сменија и условите за борби, напиша Рамзан Кадиров на Телеграм.

Ова го напиша лидерот на Чеченија по средбата со командантите на чеченските единици.

Според Кадиров, ако на самиот почеток на вооружениот конфликт имаше потреба од тешка воена опрема, сега ситуацијата е спротивна, а тоа се должи на промената на тактиката, рече тој, не наведувајќи детали.

„Ние брзо одговараме на барањата на нашите единици“, додаде тој.

Претседателот на чеченскиот парламент Магомед Даудов (началник на Регионалниот штаб за воени операции) на состанокот рече дека од крајот на февруари 2022 година, повеќе од 29.000 борци се испратени во борбената зона од Чеченија, од кои 13.000 се доброволци.

Сега, според Кадиров, повеќе од 7.000 борци се на линијата на фронтот. Исто толку борци, рече тој, биле во борбената зона на крајот на јули и во мај.