Арсенал сака да го задржи Салиба на „Емирати“

Раководството на Арсенал ги продолжува разговорите со дефанзивецот Вилијам Салиба за обновување на негoвиот договор. 21-годишниот Французин оваа сезона стана клучен играч во тимот на Микел Артета, со 29 настапи, два гола и една асистенција. Затоа „Емирати“ се решени да го врзат долгорочно.

Актуелниот договор на Салиба е до јуни 2024 година, но клубот се надева дека тој ќе го продолжи договорот за уште најмалку три години, а исто така ќе добие големо зголемување на платата.

Салиба е производ на академијата на Сент Етјен, а потпиша за Арсенал во 2019 година. Тој првично не успеа да се пробие во првиот тим и беше испратен на позајмица во Сент Етјен, Ница и во Олимпик Марсеј, а токму неговите настапи на „Велодром“ го убедија Микел Артета да го врати назад и да му даде шанса.