Хорор во Америка: Пет деца на возраст од 2 до 13 години загинаа во пожар! Пожар избувна во дуплекс, немаше спас за нив (ВИДЕО)

Пет деца загинаа во пожар во куќа во Аризона, објави „People“.

Дом во Булхед Сити се запали во саботата вечерта во кој имало пет деца — на возраст од 2, 4, 5, 11 и 13 години — не можеле да излезат од двокатниот дуплекс, соопштија властите.

Според соопштението издадено од полицијата на градот Булхед во неделата, смртоносниот пожар се случил околу 17 часот по локално време.

„Истрагата која е во тек ја спроведува полициската управа на градот Булхед, потпомогната од пожарникарската служба на градот Булхед, пожарникарската служба на езерото Хавасу и инспекторите за подметнување пожари на ATF“, се додава во соопштението.

Имињата на децата не се објавени.

Четири од децата беа браќа и сестри, а петтото беше братучед, изјави Емили Фромелт, портпарол на полицијата на градот Булхед.

Сите пет деца живееле во дуплексот, кој се наоѓа во близина на реката Колорадо и државната граница Невада-Аризона.