БИЗАРНА “СООБРАЌАЈКА” ВО АВСТРИЈА: Граѓани на Босна и Херцеговина учесници во ТЕШКА НЕСРЕЌА! Камионот го влечел комбето дури 100 метри, па се забиле ВО БАНКИНА
Во несреќата што рано утринава се случила на патот А10 во Австрија учествувале возачи од Босна и Херцеговина (38, 35 години) , а за сериозноста на несреќата говори и тоа што реагирала и спасувачката екипа бидејќи еден од патниците бил тешко повреден.
Според австриските медиуми, околу 3:25 часот камион со приколка, управуван од 38-годишен возач, се движел во правец на Салцбург кога во него удрило комбе управувано од 35-годишен возач, а камионот го влечел комбето следните 100 метри и потоа застанале удирајќи во насипот.
Од полицијата велат дека се уште не се познати причините за судирот со камионот.
Најтешко настрадал совозачот од комбето, исто така државјанин на Босна и Херцеговина (31), кој во моментот на ударот не го носел сигурносниот појас.
Тој е пренесен во болница, а се уште не се знае степенот на повредите.
Медиумите јавуваат дека комбето е целосно уништено , а поголема штета има и камионот.