БИЗАРНО – Тик Ток станува многу ‘опасен’! Тинејџери полуделе по предизвик кој завршил кобно за нив: “Се запали жив, буквално гореше! Младиот човек е непрепознатлив“
Тик Ток е социјална мрежа со многу совети, трикови и за жал, многу опасни предизвици.
Тинејџерите, инфлуенсерите и другите корисници често се тркаат да ги завршат популарните „предизвици“ во кои често ги ризикуваат своите животи. Експертите безброј пати предупредувале за оние кои оставаат негативни последици по здравјето, но се чини дека границата повеќе не постои.
Низ социјалните мрежи кружи нов предизвик на Тик Ток, кој го оставил во тешка ситуација 16-годишниот Мејсон Дарк од Северна Каролина. Тој се здобил со изгореници кои покриле 80 отсто од неговото тело. Мејсон и неговите пријатели сакале да направат импровизиран факел со спреј и запалка. Се тргнало наопаку кога дошло до експлозија која ги зафатила тинејџерите во пламен.
„Тој е непрепознатлив. Непрепознатлив“, изјавил за медиумите Холи Дарк, мајката на тинејџерот. Кога се случила експлозијата, Мејсон скокнал во блиската река за да ги ублажи изгорениците, но се појавил со „јагленисана“ кожа. Двата потези завршиле со влошување на неговата состојба – тој се здоби со изгореници од трет степен и беше изложен на висок ризик од инфекција од водата на реката.
„Начинот на кој изгледаше кога тие деца го видоа кога прв пат влезе, како изгледа сега, е 100 пати поинаков“, кажала мајката на младото момче. Мејсон веќе претрпел неколку операции за да се подложи на кожни графтови. Тинејџерот, кој е фудбалер, се очекува следните шест месеци да ги помине во Центарот за изгореници.