Бизнисмени погинаа заедно со нивните семејства: Приватен авион се распадна во воздух, пронајдени 7 тела, меѓу загинатите има и дете (ВИДЕО)

Мал приватен авион Пајпер ПА46 со пет патници и двајца членови на екипажот се урна во неделата наутро во близина на Итапева во југоисточен Бразил!

Загинаа двајца бизнисмени и нивните семејства , а меѓу жртвите е и двегодишниот син на еден од нив.

Полицијата соопшти дека авионот, кој летал од Кампинас кон Бело Хоризонте, се распаднал во воздухот пред да се урне.

– Авионот се пробил на три поголеми и неколку помали фрагменти. Внатре најдовме седум тела – велат од полицијата.

Локалните медиуми јавуваат дека бизнисмените и деловните партнери Марсилио Франко да Силвеира и Андре Родригез до Амарал со нивните семејства биле во Кампинас на церемонијата на доделување награди и дека пред да се вратат дома решиле да го поминат викендот на фармата на нивниот пријател.

Засега не е познато што довело до падот на авионот.

Марсилио Франко да Силвеира (42) беше еден од основачите и претседател на Националната асоцијација на банкарски кореспондентни компании (ANEC) и на компанијата CredFranco. Меѓу жртвите се неговата сопруга Ракел (40) и двегодишниот син Антонио.

Андре Родригез до Амарал (40) беше негов деловен партнер во Кредфранк и член на одборот на Анека од основањето на здружението. Меѓу жртвите е и неговата сопруга Фернанда (38).

Помал авион со 12 патници и двајца членови на екипажот се урна неодамна во северната бразилска држава Амазонас. Станува збор за такси-авион во кој патувале американски туристи.