Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, е убеден дека српскиот актер Милош Биковиќ ќе има уште многу интересни улоги по одлуката на американскиот ТВ канал HBO да го раскине договорот со него за снимање во третата сезона на серијата ,,Бел лотос“.
– Сигурен сум дека ќе има уште многу интересни понуди – изјави Песков.
Во исто време, тој додаде дека кога станува збор за HBO, тоа е „приватна компанија која избира кого да вработи“.
Песков не сакаше да коментира подетално, велејќи дека темата не е работа на Кремљ.
Да потсетиме, српскиот актер Милош Биковиќ, кој е популарен и во Русија, нема да игра во третата сезона на американската ТВ серија „Белиот лотос“ од причини кои, како што рече, излегуваат од опсегот на уметноста.
Имено, украинското Министерство за надворешни работи реагираше на веста дека Биковиќ ќе глуми во третата сезона на серијата на HBO „Белиот лотос“, неосновано обвинувајќи го српскиот актер за „поддршка на геноцид и кршење на меѓународното право“ .