Бил Гејтс призна дека разводот од Мелинда е грешката за која најмногу жали

Бил Гејтс призна дека разводот со Мелинда, по 27 години брак, е нешто за што најмногу жали во животот.

„Сега сум повесел“, призна тој во интервју за лондонскиот Тајмс, но додаде дека исходот од неговиот брак е грешката за која најмногу жали.

Иако можеби имал и други неуспеси, ко-основачот на Мајкрософт рече дека разводот е „на врвот на листата“.

„Има и други грешки, но ништо важно. Разводот за мене беше број еден најмалку две години“, рече тој.

Поранешниот пар, кој сега излегува со други луѓе, одржува пријателски односи по разделбата.

„Јас и Мелинда сè уште се гледаме, имаме три деца и две внуци, така што има семејни настани. Децата се добро. Тие имаат добри вредности“, рече Бил.

Милијардерот рече дека неговиот брак го држел „приземјен“ додека ја градел својата компанија.

За потсетување, Бил и Мелинда се венчаа во 1994 година и се родители на три деца – Џенифер (28), Рори (25) и Фиби (22). Двојката потврди дека се разведуваат во мај 2021 година, иако беа разделени една година пред објавувањето.