Бислимовски: Намалениот увоз може да влијае на намалување на цената на струјата

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски предупреди дека може да се очекува намалување на цената на струјата за домаќинствата.

Тој во интервју за Радио Слободна Европа вели дека се прави анализа која треба да покаже дали има потреба и дали ќе може да се постави дополнителен час од бесплатната тарифа за струја која ќе биде одредена од 15 до 16 часот. .

„Целта на ова е да се испрати сигнал до универзалниот снабдувач ЕВН Хоум и ЕСМ, во тие периоди кога поевтинува струјата се купува на берза, со цел таа евтина цена на струјата да заживее во интерес на граѓаните“, рече Марко Бислимовски.

Според него, бумот на инвестициите во сончевата енергија и помогна на државата да го намали увозот на енергија и со тоа може да дојде до намалување на цената на струјата за домаќинствата, но и да се прошири бесплатната тарифа.

„Досега она што е изградено придонесе да имаме ситуација во текот на денот кога произведуваат фотоволтаиците особено во пролетните и летните месеци да имаме сериозна ценовна разлика во тој период од денот. Односно од 10-11 до 16-17 часот и таа цена е трипати пониска од цената по 18-19 часот. Сега таа придобивка треба да ја пренесеме на граѓаните“, рече Марко Бислимовски.

Бислимовски информираше дека производството на електрична енергија од фотоволтаични панели во 2023 година е зголемено за речиси 300 отсто и изнесува околу 300 гигават часови.