Струјата за домаќинствата од 1 јануари се намалува за 5,16 отсто за првиот блок, за вториот блок и ефтината тарифа останува иста, за третиот блок се зголемува за 2,88, а за четвртиот блок за 1,86 отсто, најави претседателот на Регулаторна, Марко Бислимовски, пренесува Телеграф Македонија.
Со ова, како што истакна Бислимоски, се овозможи да се утврди надоместокот за пристап до мрежата од 200 денари месечно. Во спротивно, во првиот блок би имало зголемување од 3,4 отсто, во вториот за 8,62, во третиот со 9,46 и во четвртиот блок со 4,92, додека слободната тарифа би била зголемена за 15,42 отсто.
Исто така, како што рече, овозможиле намалување на надоместокот за мрежата за речиси 23 проценти.
„Со новиот концепт, пристап до мрежата, направена е правична поделба на трошоците на мрежата меѓу редовните корисници и оние потрошувачи кои повремено ги користат капацитетите“, рече Бислимоски, нагласувајќи дека одлуката има за цел да го заштити стандардот на граѓаните.